Site hosted by Angelfire.com: Build your free website today!
Тодор Лазаров

Роден е во 1869 година во Штип. По шолувањето во родниот град и во Солунската мачка гимназија, станува учител во Штип. По една година го напушта учуителствувањето и се занимава со трговија. Зборувал француски, отомански и фарси (персиски) јазик.

Во ВМОРО се вклучува во 1894 година во Штип, заколнат од Даме Груев. Во 1896 година,  заедно со Ѓ.Петров и М.Развигоров го претепуваат србоманот Јордан Бабамов, поради што се осудени на затвор. Повторно е уапсен по Виничката афера во 1897 година, од турските власти, затворен и подложен на тешки измачувања. Одлежал четири години во Скопскиот и Приштинскиот затвор.

Делегат е на Солунскиот конгрес на ВМОРО  во јануари 1903 година.

Во 1905 година бил пак уапсен заедно со П.Кушев и испратен на заточение во Тарабулус аш-Шам, Триполи, каде останал се до 1908 година, кога бил амнестиран од Младотурската власт. По амнестијата во 199-1910 година, заедно со Т.Александров учествуа во возобновувањето на ВМОРО во Штипско. Во мај 1910 година, заедно со П.Христов е избран за член на Задграничното претставништво.

На 29 септември 1912 година, во хотелот „Ројал“ во Софија, Лазаров, заболен од туберколоза, извршува самоубиство.

<< Претходна | Следна>> | Именик

granicnik